Парис Хилтон застана во одбрана на својата пријателка: Тоа што ѝ се случува на Бритни не е фер!

профимедиа
Фото: Профимедиа

Богатата наследничка и ријалити ѕвезда Парис Хилтон сака да се дружи со Бритни Спирс, а како гостин во една емисија ја бранеше и ја поддржуваше во нејзината желба да се ослободи од старателството кое нејзиниот татко Џејми Спирс го има над неа веќе 12 години. Парис откри дека повремено се гледа со Бритни и додаде интересни детали.

„Ја видов ова лето. Отидовме на вечера. Ја видов во Малибу. Ја сакам многу и мислам дека ако сте возрасна личност, треба да го живеете животот како што сакате, без контрола “, рече Парис во шоуто на Енди Коен.

„Мислам дека ја разбирам, бидејќи цел живот бев под голема контрола и знам како се чувствува, но не можам да замислам сè уште да ми се случува додека растам”, додаде Парис.

„Откако работеше цел живот и стана икона низ целиот свет, мислам дека таа нема контрола над нејзиниот живот, што не е фер“, додаде таа.

View this post on Instagram

A sky full of stars and he was staring at her. ?

A post shared by Paris Hilton (@parishilton) on

Кога домаќинот ја прашал дали разговарала со Бритни на оваа тема, Парис одговорила негативно.

„Бритни е толку слатка, невина и пријатна девојка. Зборувавме само за среќни времиња – музика, мода, забавни работи. Не сакам да ги спомнувам негативните работи што можат да ги направат моите пријатели да се чувствуваат непријатно, па затоа никогаш не разговарав со неа за тоа “, заклучи Парис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот