Парис Хилтон започна процес на ин витро оплодување: Сака да добие близнаци

Profimedia
Profimedia

Парис Хилтон планира да го прошири своето семејство со дечиња. Познатата 39-годишна наследничка на империјата Хилтон започна процес на медицинско ин витро оплодување со цел да добијат дете со своето момче Картер Реум.

Како што откри во едно интервју, таа се решила на тој чекор за да се осигура дека ќе добие близнаци – девојче и момче.

„Одлучивме да го сториме тоа затоа што на тој начин можам да добијам близнаци“, рече таа.

Хилтон изјави дека тоа и го советувала нејзината долгогодишна пријателка Ким Кардашијан, која доби две деца со помош на сурогат мајка.

Instagram
Instagram

„Не знаев ништо за тоа. Драго ми е што ми даде совет и ме запозна со својот лекар“, додаде таа.

Таа посочува дека веќе ја завршила првичната постапката при оплодувањето.

„Беше тешко, но знам дека вредеше. Јас го направив тоа неколку пати и полесно е со партнер кој ме поддржува и ме прави да се чувствувам како принцеза“, потенцира Хилтон.

Instagram
Instagram

Парис својот партнер го нарекува нарекува Реума што значи „момче од соништата“ и тврди дека е 100 процентна сигурна дека тој е идеалниот партнер за неа.

„Навистина сум среќна што се одлучивме за овој важен чекор. Верувам дека да се има семејство и деца е смислата на животот“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот