Парис Хилтон објави стари фотографии – Фановите дури сега не и веруваат дека не правела пластични операции

Наследничката, ријалити ѕвездата и пејачката во обид Парис Хилтон на Инстаграм ги објави своите фотографии кои настанале во тинејџерските денови.

Парис Хилтон на пријателите им покажала како изгледала на 13,15 и 16 години.

На една фотографија Парис Хилтон кога имала 15 години позира во вечерен фустан, а во преден план се гледа бујното деколте.

– Она кога имав 15 години и кога го открив пуш-ап градникот, коментираше, свесна и сама дека големите гради привлекуваат најмногу внимание.

инстаграм

Со оглед на тоа дека нејзиниот краток и тесен нос е нејзин заштитен знак откако е на сцената, обожавателите забележале дека во тинејџерските години тој изгледал сосема поинаку. Се појавува дури на фотографијата кога Парис Хилтон имала 16 години.

инстаграм

Од друга страна, славната милионерка тврди дека за нејзиниот изглед е заслужна само мајката природа. Иако и претходно се шушкаше дека правела пластични операции, таа тоа го демантираше.

Лани изјави дека од својата осма година користи крема од која кожата и изгледа младо. Таа крема чини 150 долари и многу е ефикасна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот