Парис Хилтон: Цела сум природна и горда сум на тоа (ФОТО)

Instagram
Instagram

Парис Хилтон се ближи кон својата 40-та година, но сè уште може да се пофали со младоликата кожа, пишува Мирор.

„Мајка ми секогаш ме учеше да се пазам од сонцето и дека грижата за кожата е многу важна“, објаснила Парис.

Кога сака да стави некоја крема, Хилтон користи производ кој го носи нејзиното име и презиме.

„Кој и да го користи мисли дека некаде имам сопствен извор на младост. Одличен е и всушност функционира“, тврди Парис.

Освен што ги користи своите производи, таа од осмата година го мачка лицето со крема во вредност од 150 евра, а тврди дека никогаш немала ниедна операција.

„Цела сум природна и прилично сум горда на тоа“, вели.

Парис призна дека не користи ботокс, а ни филери, а истакнува дека најмногу е опседната со својата кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот