Парични казни за 9 лица од Гостивар – се возеле за време на полициски час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар да изрече парична казна за секој од обвинетите во висина од по 100 дневни глоби.​

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица за сторено кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во одделни кривично правни настани, обвинетите  на 29 овој месец за време на полицискиот час со возила се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар да изрече парична казна за секој од обвинетите во висина од по 100 дневни глоби.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот