Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција се зголемува на 200 евра

Француските сили на редот од почетокот на кризата казнија 225.000 лица, а извршиле 3,7 милиони контроли.

Паричната казна за непочитување на мерките за ограничено движење во Франција од денеска се зголемува на 200 евра, наспроти досегашната од 135 евра.  Казната се однесува за излегување надвор без потврда за време на полицискиот час или непочитување на дополнителните мерки наметнати од префектурата, јави дописникот на МИА од Париз.

Владата на Едуар Филип вети построги мерки за да ги натера Французите да останат дома.

Уредбата објавена денеска во Службениот весник  предвидува зголемување на казната на 200 евра, а се зголемува на 450 евра во случај на повторно казнување, наспроти 375 од претходно.

Француските сили на редот од почетокот на кризата казнија 225.000 лица, а извршиле 3,7 милиони контроли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот