Парична поддршка за учениците од прва година во беровската гимназија 

Почната новата училиштна година/ Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.
Во беровската гимназија „Ацо Русковски” учениците во прва година гимназија добија по 2.000 денари од општина Берово, како поддршка за обезбедување на потребниот училишен прибор, на почетокот на учебната година. Надлежните информираа дека помошта е добредојдена за мотивирање на младите да постигнуваат поголеми резултати.
-Оваа мерка е дел од програмата за социјална заштита за 2020 година и е еден вид поддршка на учениците, кои своето образование го продолжуваат во единственото средно училиште на територијата на општина Берово. Во програмата исто така е предвидено стипендирање на талентирани ученици во учебната 2020/2021 година, информираа надлежните.
Во оваа гимназија деновиве, како што велат од училиштето, завршена е реконструкцијата на просотријата за практична настава.
-Во рамките на подобрување на условите за учење на учениците средношколци, неодамна реконструирани се просторијата за практична настава, за туристичко угостителската струка. Исто така се реконструираа и тоалетите на двата спрата во средното училиште, информираа од ОСУ „Ацо Русковски”.
За овој проект од буџетот на гимназијата потрошени се 1,8 милиони денари. Во моментот во ОСУ „Ацо Русковски” во Берово, онлајн настава следат вкупно 369 ученици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот