Парична казна за кумановец заради непочитување на самоизолација

Фото: Драган Митрески

Обвинителството до судот достави предлог, на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 18 март, допатувал од Србија-земја со средно ниво на ризик. Иако, на граничниот премин бил предупреден за здравствените прописи и потпишал изјава, постапил спротивно на  одлуката на Владата на Република Северна Македонија, која се однесува на мерки за сузбивање и спречување на ширење на корона ворусот-COVID 19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегол од своето престојувалиште и се упатил во непознат правец. На 25 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, не бил пронајден во престојувалиштето со што го сторил кривичното дело што му се става на товар.

Обвинителството до судот достави предлог, на обвинетиот да му биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот