Парата на пара оди: Германците стануваат сè побогати и во услови на пандемија

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

По првичниот пад на бројот на инфицирани лица од почетокот на пандемијата во вториот квартал од годината, финансиската состојба на Германците се искачи на рекордна сума од околу 6.630 милијарди евра. Според „Бундесбанк“, финансиските средства на приватните домаќинства во форма на готовина, на хартии од вредност, на банкарски депозити и осигурувања се зголемија за 253 милијарди евра или четири проценти во споредба со првиот квартал.

Зголемувањето е последица и по одземањето на долговите: домаќинствата имаат 236 милијарди евра повеќе отколку во првиот квартал или 4722 милијарди евра. Главната причина за ова е закрепнувањето на берзите по падот на почетокот на кризата.

– Загубите од падот на акциите предизвикани од пандемијата и неизвесноста за нејзините економски последици беа во голема мера компензирани”, објасни „Бундесбанк“.

Германците и понатаму се потпираат на готовина и на депозити, кои иако не се профитабилни поради ниските каматни стапки, се лесно достапни. Нивниот обем на крајот на вториот квартал изнесуваше околу 2.694 милијарди евра, што е за околу 72 милијарди евра повеќе отколку во првиот квартал. Парите на тековните сметки и во готовина изнесуваат 1.882 милијарди евра. Купувањето на акции и други учества се, исто така, важен фактор и изнесуваат 16 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот