Паралелно со своите граѓани: Израел почна со вакцинација и на странски работници и азиланти

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелските власти денеска почнаа со вакцинирање на странски работници и баратели на азил, како дел од иницијативата за вакцинирање и на странски државјани, покрај израелските граѓани. Десетици баратели на азил и странски работници чекаа во редови на неколку места за вакцинација за бесплатна вакцинација. Повеќето од нив се мигранти и странски работници од Филипини, од Молдавија, од Нигерија, од Судан и од Еритреја.

Портпаролот на Општината Тел Авив, Ејтан Шварц изјави дека Владата има одговорност „да ги вакцинира сите во рамки на националните граници” и дека во следниот чекор ќе ги вакцинира илегалните мигранти, како и оние без документи.

Израел спроведува масовна имунизација од декември, а првата доза досега ја примиле 3,5 милиони луѓе, а втората најмалку 2,1 милиони. Израел, исто така, почна да доставува илјадници вакцини на здравствените работници на територијата под Палестинска управа.

Досега во Израел се заразија повеќе од 700.000 лица со коронавирус, а најмалку 5.192 починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот