Парадоксот на ДПМНЕ

Фото: Ерол Шаќири

Во време кога почетокот на преговори со ЕУ е се понеизвесен, довчерашните долгогодишни „владетели” на Македонија и нивните апологети јавно „навиваат“ и повикуваат Европската Унија да не ни даде зелено светло, со аргумент дека таков развој на настаните единствено можел да ја спаси државата, оваа влада мора да падне за Македонија да се спаси (Република Македонија да се спаси, Република Северна Македонија нив не ги интересира, нели).

Аргументите не се доволни да се добие оваа битка на аргументирање што е добро а што не, затоа што се бориме против глупоста, а против неа сме немоќни (Дитрих Бонхефер).

Суштината на нивното постоење, единствено нешто што ги прави значајни е омразата кон довчерашната опозиција сегашна власт, омразата кон Албанците, Турците, Грците…, омразата кон хомосексуалците, омраза кон се што не е ДПМНЕ. Во таа нивна колективна параноја, што е збир на индивидуални паранои (Данило Киш), тие се чувствуваат најмоќни.

Понекогаш ми е жал за нив, овие луѓе се заробени и поразот на нивната идеологија за нив би значело крај. Токму тоа, почеток на преговори со ЕУ ке значи крај и пропаст на нивната идеологија и нивен конечен крај, пораз, а нема да значи крај и пропаст на Македонија. Слободата на овие луѓе им е најголемиот товар, затоа од неа бегаат како од ѓаволот (Инквизиторот, Браќа Карамазови).

Професорот Фрчковски пред неколку години напиша колумна за оваа „ментална повреда” на децата на ДПМНЕ, Бранко Тричковски напиша преку 100 текстови, таму е се објаснето.

Дегрујевизацијата на македонското општество полека полека се случува иако не се ни одблизу санирани последиците од нивното владеење, но едно е сигурно, ДЕНАЦИФИКАЦИЈА на ДПМНЕ нема никогаш да се случи, барем не со ова раководство.

Да се вратам на насловот, ДМПНЕ 11 години на власт и еве 2 години опозиција продолжуваат да сеат страв меѓу народот и да го заплашуваат со пропаѓање на државата, федерализација, губење на идентитет, губење на црквата, јазикот, пропаст на економијата, одлив на млади итн. Парадоксот на ДПМНЕ се состои во тоа што се себепромовира во заштитник на Македонецот од горенаведените закани, а во исто време пак, тие се реално остварливи само под НИВНА И ПОД НИКОЈА ДРУГА ВЛАСТ.

П.С. Република Грција влезе во Унијата во 1981, највеќе поради фактот што постоеше реална опасност да се вратат националистичките сили на власт, по поразот на нивниот режим во 1975 (Премиерот Заев во Брисел се послужи со истата реторика, што некои ја интерпретираа како закана од наша страна). Дали сме спремни ние за влез во ЕУ, ни одблизу, ама тоа не значи дека не треба и не можеме да ги отпочнеме преговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот