Парада на гордоста во Приштина

парада на гордоста
Фото: Слободен печат/Илустрација

Под мотото „За кого ти бие срцето“, денеска во главниот град на Косово е одржана третата Парада на гордоста, на која учествуваа неколку стотици припадници на ЛГБТИ заедницата, нејзини поддржувачи и активисти на граѓанското општество, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ленд Мустафа, еден од организаторите на парадата, изјави дека преку оваа манифестација уште еднаш се бараат основните права на заедницата, кои се гарантирани и со Уставот, но не се соодветно дефинирани со законите.

На годинешната парада учествуваа и американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет, градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети, како и гости и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата од Македонија, Србија и Албанија. Меѓу учесниците беше и истакнатиот активист за правата на оваа заедница од Тетово, Беким Асани.

Парадата беше обезбедувана од косовската полиција и, како и манифестациите од минатата и предминатата година, помина без ниту еден инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот