Парада на гордоста денеска во Приштина

Парада на гордоста/ Фото: Архива на Слободен печат

ЛГБТИ заедницата, поддржувачи и активисти на граѓанското општество денеска во главниот град на Косово ќе ја одржат третата по ред Парада на гордоста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Парадата ќе се одржжи на плоштадот „Скендербег” во центарот на градот, со почеток во 11 часот и 30 минути.

Во понеделникот во Приштина, во присуство на косовскиот претседател Хашим Тачи и американскиот амбасадор во земјата Филип Коснет, беше отворена „Неделата на гордоста”, во чии рамки се организираат активности за подигнување на свеста кај населението за правата на хомосексуалците и другите припадници на ЛГБТИ заедницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот