Пар од Скопје загина во Италија, нивното бебе останало живо

Фото: Принтскрин

Ебубекир Сулејмани и нејзината сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години,  го загубиле животот  во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо.

Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пиаченца-Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал.

Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле на камион паркиран во зона за одмор.

Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот