Паповиќ го освежува нападот на Работнички

Фото: ФК Работнички

Тренерот Александар Влахо и управата на клубот продолжуваат со засилување на играчкиот кадар.

Со ангажманот на Паповиќ би требало дополнително да се засили нападот на повеќекратниот првак на Македонија.

Станува збор за млад и перспективен 22-годишен фудбалер кој поголемиот дел од кариерата го мина во младинската школа на Војводина.

Паповиќ денеска го стави потписот на договорот со Работнички, по што му се стави на располагање на стручниот штаб.

Тој е второто засилување за „романтичарите“ што потпишува во текот на денешниот ден, откако претходно истото го стори и дефанзивецот на Беласица, Драган Стојков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот