Папата со порака до верниците: Искористете го карантинот за да се поврзете со семејствата

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Луѓето треба да го искористат слободнте денови на наложено седење дома поради коронавирусот за да се поврзат со нивните семејства, изјави папата Франциск, пренесе ДПА.

Во интервју за италијанскиот весник Ла Република, папата ги осуди семејствата што често јадат заедно во тишина, додека родителите гледаат телевизија, а децата играат на нивните мобилни телефони.

– Тие се како монаси, изолирани едни од други, додека слушањето едни со други е важно затоа што така можеме да ги разбереме потребите, напорите, желбите на другиот, додаде Франциск.

Папата Франциск ги повика луѓето да разберат дека богатството е во малите работи, гестовите на нежност, наклонетост, сочуство, се минимални и се губат во анонимноста на секојдневниот живот, пренесе германската агенција.

На пример, топол оброк, галење, прегратка, телефонски повик, се гестови што му даваат значење на животот и креираат заедница и комуникација меѓу нас, истакна Франциск.

Поради појавата на коронавирусот, редовните настани на папата, како молитвите во недела и неделните приеми во среда не се отворени за јавноста на плоштадот „Свети Петар”.

Наместо тоа, тие се пренесуваат онлајн. Ватикан, исто така, изјави дека ритуалите на светата недела пред Велигден, ќе се одвиваат без верниците, невидена одлука во модерно време.

Во неделата, сепак, Франциск излезе од изолација и изненадувачки посети две цркви во центарот на Рим, вклучувајќи ја и Црквата со крст, посветена на завршувањето на епидемијата од чума од 16 век.

Папата за Ла Република изјави, „Го замолив Господ да ја спречи епидемијата. Господе, спречи ја со твојата рака. За тоа се молев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот