Папата со апел до политичарите: Не ги затворајте пристаништата за мигрантите - Слободен печат

Папата со апел до политичарите: Не ги затворајте пристаништата за мигрантите

„Многу пати не им е дозволено да се истоварат во пристаништата….Ги експлоатираат криумчари. Некои политичари ги третираат како бројки и ги гледаат како закана”, рече изјави Франциск.

Папата Франциск денеска изјави дека политичарите не треба да ги затвораат пристаништата за очајните мигранти, а неговата изјава следеше откако судот доби зелено светло да почне истрага против Матео Салвини, антиимигрантиски настроениот поранешен италијански министер за внатрешни работи.

-Во целиот свет мигрантите и мигрантките се соочуваат со ризични патувања за да побегнат од насилството, војната и сиромаштијата, рече папата во текот на неделната аудиенција во Ватикан.

„Многу пати не им е дозволено да се истоварат во пристаништата….Ги експлоатираат криумчари. Некои политичари ги третираат како бројки и ги гледаат како закана”, рече изјави Франциск правејќи делумно отстапка од забелешките кои ги имал подготвено.

Коментарите на папата, чија одбрана на мигрантите е една од клучните ставки во неговиот понтификат, пристигнуваат само два дена откако италијанскиот сенатски одбор донесе одлука што може да доведе до судење на Салвини заради наводно грабнување мигранти.

Прочитајте и...  Турција ги ослободи сите обвинети за протестите од 2013 година во Истанбул

Во јули 2019 година Салвини, како министер за внатрешни работи, нареди 131 спасени мигранти да останат на бродот на отворено море кај Сицилија, што траеше шест дена, додека другите европски земји не се согласија да ги преземат.

Доколку биде прогласен за виновен, лидерот на крајно десничарската партија „Лига”, што во моментов е најпопуларната италијанска партија, може да добие и до 15 години затвор. Тоа ќе значи забрана за извршување политички функции, но и уривање на неговите амбиции да дојде до позиција иден премиер на Италија.

Салвини вчера кажа дека на евентуалното судење ќе се појави со „крената глава”.

Прочитај повеќе

Чулев: Воопшто не размислувам за поднесување на оставка

Слободен печат

Манчевски: Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести

Слободен печат

ЈО отвори истрага за недостиг на патни исправи

Слободен печат

Техничките и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја напуштат Владата?

Слободен печат

Спасовски и Столтенберг во Брисел: Членството во НАТО, резултат на исполнети критериуми и стандарди

Слободен печат

Спасовски: Нашите пријатели во Брисел ги делат со нас очекувањата за официјализирање на членството во НАТО

Слободен печат

Остави Коментар

четиринаесет + седум =

Прочитај повеќе

Издадени осум сериозни предупредувања за поплави во Британија

Слободен печат

Милановиќ при заклетвата ја парафразирал култната белградска група ЕКВ

Слободен печат

Пешева од „Анима Мунди“: Стапката на усмртување на кучиња ќе биде висока (ВИДЕО)

Европската комисија го предупреди Зукерберг да ги регулира содржините во кои има омраза

Слободен печат

Втора пратка медицинска помош од Германија за Кина

Слободен печат

Ќе се збогати ли политичката понуда во Македонија?

Слободен печат