Папата сака во мај да ја посети Никеја на годишнината од Првиот вселенски собор
Папата Франциск изрази надеж дека ќе биде во состојба в година да ја посети Турција, за да присуствува лично на одбележувањето на 1.700-годишнината од Собирот во Никеја – Првиот вселенски собор во христијанството.
Посетата на Никеја, близу денешен Изник југоисточно од Истанбул, би била во рамките на Светата година, која Ватикан ја прославува на секои 25 години.
На годишнината од Собирот во Никеја во мај папата повторно би повикал на надминување на расколот помеѓу католичкиот и православниот христијански свет, што почна со Големата шизма од 1054 година. Православниот патријарх Вартоломеј Први уште во септември го повика папата Франциск на средба во Никеја и заедничко одбележување на годишнината. Папата Франциск и патријархот Вартоломеј се сретнаа во 2014 година во Турција и во Ерусалим.
Во 325 година, во времето на римскиот цар Константин Први, во Никеја се собрале близу 300 епископи на дискусии за природата на Исус Христос во однос на Неговата врска со Отецот и ја прифатиле првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктрина.
Папата во четвртокот пред теолози во Ватикан изјавил дека „Собирот од Никеја не е историски значаен само за црквата, туку и за човештвото воопшто“.