Папата примен во болница, откажани му се сите утрешни активности

Папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани. Тој има респираторна инфекција и ќе мора да помине неколку дена во болница, соопшти Ватикан.

– Светиот Отец е во болницата „Џемели“ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации.

Папата има потешкотии со дишењето во последните денови, но нема ковид-19, се додава во соопштението.

– Папата е трогнат од бројните добиени пораки и изразува благодарност за блискоста и молитвите – наведуваат од Ватикан.

Папата утринава претседаваше со својата неделна општа аудиенција на плоштадот „Свети Петар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот