Папата пресуди: Меси не е Бог (ВИДЕО)
Поглаварот на Римокатоличката црка, Папата Франциск, мораше да интервенира и ги разочара фановите на Лионел Меси. Иако милиони фудбалски фанови го доживуваат Меси како бог, Аргентинецот доби одговор од Папата. Папата Франциск му порача на Меси дека е врвен фудбалер и дека тука застанува секакво глорификување.
– Во теорија, да се зборрува дека Меси е бог е богохулење. Не можете да зборувате такви работи бидејќи тие не се вистина. Луѓето можат да зборуваат дека го сакаат Меси, дека е бог на фудбалскиот терен, тоа се само изрази во народот, жаргони. Но само еден Бог се слави и сè освен тоа е богохулење – порача Папата Франциск за телевизијата Ла Секста.
Llegó el momento de hablar de D10S. #SalvadosPapa pic.twitter.com/08YI1zMtEO
— Salvados (@salvadostv) March 31, 2019
Новинарот Жорди Еволе му возврати на Папата дека тој верува дека Лионел Меси е божество и го праша дали смета дека Аргентинецот игра фантастично.
„Нормално дека игра фантастично, многу е добар, но не Бог“ одговори Папата Франциск кој и самиот е страствен фан на аргентинскиот Розарио.