Папата повика на воспоставување хуманитарни коридори во Мјанмар

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск денеска, на Светскиот ден на бегалците, изрази жалење што „илјадници бегалци во Мјанмар умираат од глад“ и повика воспоставување на хуманитарни коридори за бегалците, а со тоа ги поддржа мјанмарските бискупи кои имаат вакво барање.

Папата го повика светот да се сочувствува со мигрантите и со сите оние кои морале да ги напуштат своите домови.

– Секој може да се најде во тешка ситуација, во каква се наоѓаат бегалците, принудени да бегаат со бродови во друга земја. Има многу моменти во животот кога надежта згаснува и кога луѓето се очајни, истакна папата во обраќањето од прозорецот на Апостолската палата.

Поглаварот на Римокатоличката црква побара од верниците на Плоштадот Св. Петар „да ги отвориме своите срца за бегалците“.

– Ние искрено се молиме да бидат овозможени хуманитарни коридори, и црквите, манастирите, џамиите, храмовите, училиштата и болниците да се почитуваат како неутрални места каде што бегалците ќе можат да се засолнат, додаде папата Франциск, повикувајќи се на барањата на бискупите од Мјанмар.

Во Мјанмар завладеа хаос по извршениот државен удар на 1 февруари и бруталното однесување на армијата кон демонстрантите кои бараат враќање на демократијата. Судири избија во многу делови на Мјанмар каде цивилите формираа сили за „самоодбрана“ за да ѝ се спротивстават на хунтата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот