Папата повика на молитва за единство во Европа

Ова е вторпат во последните 10 дена Франциск да изрази загриженост за ЕУ.

„Во оние времиња кога толку многу ни треба единство меѓу нас, меѓу народите, да се молиме денес за Европа”, рече папата Франциск на почетокот на својата утринска литургија.

Тој ги повика сите да се вложат Европа да остане обединета во решавањето на последиците од пандемијата на новиот коронавирус.

Ваквиот повик на папата доаѓа пред самитот на ЕУ кој треба да се одржи утре, а на кој ќе се разговара за контроверзниот пакет за економски стимул.

Папата ги замоли луѓето да се молат дека „Европа ќе успее да го постигне ова единство, ова братско единство за кое сонувале основачите татковци на Европската унија”.

Ова е вторпат во последните 10 дена Франциск да изрази загриженост за ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот