Папата почесто да доаѓа, можеби Скопје ќе заличи на метропола (ГАЛЕРИЈА)

Фото: Слободен печат

Веќе со денови низ центарот на градот на големо се спроведуваат активности за посетата на Папата Франциск, се работи на поставување бина, се сечат дрва, се покриваат згради итн.

Граѓаните се шегуваат по социјалните мрежи дека само со посета на некоја ваква светска личност како папата Франциск, јавните служби решаваат да преземат нешто за да го средат градот.

„Дајте организација, некој друг да доаѓа после Папата. Скопје има да го средат како што треба“, „А што не го спуштат со хеликоптер на плоштад како што го носеа Дедо мраз?“ , „Се моли Папата да остане подолго, за да се пополнат дупките и да се исчисти градот“, се само дел од коментарите по социјалните мрежи.

Папата Франциск ќе биде во Скопје од 8 до 18:30 часот во вторник, 07.05.2019.

Картите за посетата на папата се делат уште денеска, на три локации во центарот на градот, пред Спомен куќата на Мајка Тереза, во ГТЦ и на плоштад Македонија, како и во католичките парохии низ земјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот