Папата на миса во Канада повика да заврши маргинализацијата на домородците

Папата Франциск во Канада/ Фото EPA-EFE/Vatican Media

Папата Франциск денеска одржа миса пред десетици илјади верници на фудбалскиот стадион во Едмонтон, за време на посета на Канада која има за цел да се подобрат односите на Римокатоличката црква со канадската индијанска заедница по откритијата за повеќедецениската злоупотреба на домородните деца.

На мисата присуствуваа околу 50.000 лица, иако многу места останаа празни на стадионот „Комонвелт” што има 65.000 седишта.

Во својата проповед папата Франциск повика на промени и иднина во која никогаш нема да се повтори историјата на насилство и маргинализација на која беа изложени домородните браќа и сестри.

Ден претходно папата побара прошка од канадските „Први нации”, народите Метис и Инуити, за злосторствата извршени врз нивните деца во текот на децении во мрежата од интернати со кои раководела Католичката црква.

Од 1880-тите, се проценува дека 150.000 индијански деца биле одземени од нивните семејства и сместени во интернати, а последниот бил затворен во 1996 година.

Откривањето на стотици необележани детски гробници во мај минатата година предизвика скандал ширум светот – иако со години се зборува за исчезнувањето на индиските деца во Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот