Папата ја прифати оставката на кардиналот на Хамбург за скандалот со сексуалани злоупотреби во Келн

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск ја прифати оставката на Стефан Хесе, кардиналот на Хамбург, кој се понуди да замине од функцијата откако тим германски адвокати го објавија огормниот извештај на 800 страници за случаите на сексуално злоставување во градот Келн.

Епархијата во Хамбург денеска ја потврди одлуката на Ватикан, јави ДПА.

Хесе е еден од бројните свештеници кои го објавија своето заминување или отсуство по објавувањето на извештајот, според кој, од 1975 до 2018 година, 202 лица во Келнската архиепископија биле осомничени за вмешаност во злоупотреба, и дека 63 отсто од обвинетите биле свештеници.

Во речиси половината од посочените случаи, или 47 проценти, обвинувањата се однесуваат на сексуално злоставување или сериозно сексуално злоставување. Останатите се класифицирани како преминување на дозволените граници и други сексуални малверзации.

Хесе бил шеф на персоналот во католичката архиепископија во Келн за време на опфатениот период од истрагата водена од адвокатите Бјоерн Герке и Керстин Штирнер.

Веста за заминувањето на кардиналот на Хамбург доаѓа во ист ден кога Ватикан соопшти дека казнил двајца полски бискупи за небрежност во борбата против сексуалната злоупотреба против малолетни лица во рамките на нивните епархии, се наведува во соопштението на  папскиот нунциј, пренесува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот