Папата ја поздрави обновата на извозот на жито од Украина како „знак на надеж”

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциск на денешната редовна неделна молитва од плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан го поздрави обновувањето на украинскиот извоз на жито како „знак на надеж“ во кој гледа доказ дека „дијалогот е можен“ за да се стави крај на војната во Украина.

„Сакам со задоволство да го поздравам заминувањето на бродовите со жито од украинските пристаништа. Ова покажува дека е можно да се води дијалог и да се постигнат резултати од кои секој ќе има корист“, рече папата Франциск, обраќајќи им се на верниците од „Свети Петар“ за време на традиционалниот празник Ангелус.

„Тој настан е и знак на надеж и од душа се надевам дека по тој пат е можно да се запрат борбите и да се постигне праведен и траен мир“, додаде Светиот отец.

Четири бродови со украински производи денеска испловија од украинските пристаништа на Црното Море како дел од договорот за деблокирање на поморскиот извоз на земјата, соопштија украинските и турските власти.

Четири бродви за растурен товар носат повеќе од 160.000 тони пченка и друга храна.

Пред инвазијата, Русија и Украина заедно имаа речиси една третина од светскиот извоз на пченица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот