Папата им ги миеше и бакнуваше нозете на затворениците (ФОТО) – Слободен печат
ВестиПланета

Папата им ги миеше и бакнуваше нозете на затворениците (ФОТО)

Со овој ритуал се повторува гестот на Исус за понизност.

Традиционално, на Велики Четврток, папата Франциск им ги миеше нозете на затворениците во еден затвор во близина на Рим.

Со овој ритуал се повторува гестот на Исус за понизност, со тоа што им ги измил нозете на апостолите пред Последната вечера, за да им покаже дека е подготвен да направи понизно дело.

-Мојот гест нека помогне да бидеме поуслужливи еден кон друг, повеќе пријателски и братски настроени, рече поглаварот на Католичката црква во проповедта.

Папата пред секого од 12-те затвореници, од кои деветмина од Италија, еден од Бразил, еден од Мароко и еден од Брегот на слоновата коска, клекна и им ги изми нозете. Со сребрен бокал го поливаше десното стапало на секој од затворениците, го избриша со бела крпа, им ја бакна ногата и потоа се ракуваше со секој од нив.

Откако 82 – годишниот Папа Франциск го заврши ритуалот, во кој само некои затвореници му ја бакнаа раката, се слушна аплауз и имаше размена на подароци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close