Папата и понатаму прима гости и се ракува со нив, неговите чувари се загрижени

Многу луѓе се загрижени дека коронавирусот ќе се прошири во Ватикан. Повеќето жители се постари мажи – демографската група за која вирусот е најопасен.

Откако Италија прогласи карантин за да го запре ширењето на коронавирусот, и во Ватикан ситуацијата е слична.

Најмалата држава на свет има само 900 постојани жители, но во нормална ситуација плоштадот на Свети Петар и Систинската капела се магнет на милиони туристи.

Сега се е затворено и е апсолутна тишина.

Велигден, најважниот дел од католичкиот календар, ќе се слави без верници. Настанот за Велики петок во Колосеумот е откажан, како и обичајот за миење нозе во четврток.

Папата и понатаму прима гости

Но, изгледа папата Франциск баш и не ги почитува италијанските правила за социјално дистанцирање. И понатаму прима гости и со нив се ракува.

„Ниту папата, ниту неговите блиски соработници не носат маски“, рекол Марио Галгано, уредник на Ватикан њуз.

Меѓутоа, швајцарската стража, чуварите на папата ја почитуваат пропишаната оддалеченост.

Многу луѓе се загрижени дека коронавирусот ќе се прошири во Ватикан. Повеќето жители се постари мажи – демографската група за која вирусот е најопасен.

„Не сакам да кревам паника, но според мене многу би било побезбедно Франциск со посетителите да зборува позади стаклена преграда со микрофон, како што е сега во некои банки“, рекол новинарот и писател Марко Полити.

„Се чувствувам како во кафез“

Папата неодамна изјави дека се чувствува како во кафез. Во доба од 83 години, тој има добра здравствена состојба, но како млад му бил отстранет дел од белиот дроб и би било многу опасно ако се зарази со коронавирусот.

Тој на крајот на март се тестираше на вирусот и покажа дека е негативен.

За неговото здравје многу се збореше кога на крајот на февруари настина и прескокна некои обврски. Не можел да избере полошо време да се закашла.

Во Ватикан сега се забележани шест случаи на заразени од коронавирусот, вклучувајќи го и монсињорот кој живее во истата локација како и Франциск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот