Папата ги осуди насилствата меѓу Израел и Хамас

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск денеска ја осуди неприфатливата „спирала на насилство“ меѓу Израел и Палестинците, нагласувајќи дека убиствата, особено на деца, е „знак дека тие не сакаат да ја градат иднината, туку да ја уништат”.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска се молеше за мир и меѓународна помош за да се отвори патот за дијалог.

– Се прашувам: што ќе донесе таа омраза и одмазда? Дали навистина мислиме дека можеме да градиме мир уништувајќи други. Во име на Бога … апелирам за примирје и крај на насилството, потенцира Папата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот