Папата ги критикуваше политичарите кои шират омраза

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск изјави дека политичарите кои изразуваат омраза кон хомосексуалците, Ромите и Евреите го потсетуваат на Хитлер.

– Не случајно повторно се појавуваат симболи типични за нацизмот – рече папата во говорот на меѓународната конференција за кривично право.

Тој рече дека говорите на некои одговорни за редот или работата на владата потсетуваат на говорите на Хитлер во 1934 и 1936 година.

– Прогонот на Евреите, Ромите и лицата со хомосексуални склоности, претставува во вистинска смисла на зборот култура на отфрлање и омраза. Тоа се правеше во тие времиња, а денес се случува повторно –  рече папата.

Папата Франциск не ги именуваше политичарите ниту државите опфатени со неговата критика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот