Папата Франциск: Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот

Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде се среќаваат голем број културни струи, и претставува олицетворение на карактеристиките на регионот. Преку елегантните сведоштва на Византиското и Отоманското минато, возвишени ѕидини и величествени иконостаси во древните цркви, кои говорат за христијанското присуство што датира од апостолски времиња, Северна Македонија ја одразува длабочината и богатството на својата илјадагодишна култура, истакна папата Франциск во обраќањето пред државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно”.

-Дозволете ми да кажам дека овие големи културни богатства претставуваат одраз на вашето бесценето наследство: мултиетничкото и мултирелигиозното лице на вашиот народ, завештанието на богата и комплексна историја на односи градени со векови, рече папата Франциск.

Оваа мешавина на култури и етнички и религиозни идентитети, како што посочи, доведе до мирен и траен соживот каде тие поединечни идентитети си најдоа израз и се развиваа без меѓусебно одбивање, доминација или дискриминација.

-На тој начин, тие доведоа до односи и комуникација што може да служи како пример и референтна точка за мирен и братски живот меѓу заедниците, преку различност и меѓусебна почит, рече папата Франциск.

Овие посебни карактеристики, како што вели папата Франциск, се исто така од огромно значење за интеграцијата со европските народи. Се надевам, додаде тој, дека оваа интеграција ќе се развива на начин што ќе биде придобивка за целиот регион на Западен Балкан, преку постојано почитување на различноста и основните права.

-Ве охрабрувам да продолжите на вашиот пат со цел вашате земја да претставува светилник на мирот, прифаќањето и плодна интеграција на култури, религии и народи. Преку отсликување на нивните посебни идентитети и виталноста на нивниот културен и граѓански живот, тие ќе бидат во можност да ја изградат заедничката судбина преку посебното богатство што го нудат. Господ нека ја заштити и благослови Северна Македонија, да го зачува единството и да и даде благосостојба и радост!, истакна папата Франциск.

Во продолжение целосното обраќање на папата Франциск пред државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно”

Господине Претседателе,

Господине Премиере,

Почитувани членови на дипломатскиот кор,

Почитувани претставници на општеството и религијата,

Драги браќа и сестри,

Од сѐ срце му благодарам на Господинот Претседател за неговите љубезни зборови за добредојде и за ценетата покана да ја посетам Северна Македонија, која тој, заедно со Господинот Премиер, ми ја упати.

Исто така, им благодарам и на претставниците на другите вeрски религиозни заедници овде присутни. Најсредчно ја поздравувам Католичката заедница , претставувана овде од Скопксиот бискуп и Струмичко-Скопски Епарх, која е активен и составен дел од вашето општество и целосно учествува во радостите, грижите и секојдневниот живот на вашиот народ.

За прв пат еден наследник на Апостол Петар доаѓа во Република Северна Македонија. За мене е вистинска чест што можам тоа да го направам на годишнината 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи со Светиот Престол, кои беа остварени неколку години по прогласувањето независноста во септември 1991 година.

Вашата земја е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде што се слеваат многу културни струи, каде што се обединуваат многуте карактеристики на овој регион. Со историските сведоштва од нејзиното византиско и отоманско минато, со монументалните тврдини низ планините и прекрасните иконсотаси во старите цркви кои ја докажуваат христијанската присутност од времето на Апостолите, се изразува нејзината богата илјадулетна култура што ја наследила. Но, дозволете ми да кажам дека ова културно богатство е само огледало на вашето најценето и најважно наследство: мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на ликот на вашиот народ, плод на богатата историја, и комплексните односи низ минатите години.

Оваа мешавина од етнички и религиозни култури и припадности, беа причина да се стигне до мирен и траен соживот, во кој посебните идентитети разбраа и можат да се изразат и да се развиваат без да бидат негирани, угнетувани или дисриминирани од другите. Така беа

оформени односите и ситуациите меѓу заеднците, кои од овој аспект, може да бидат пример за спокоен и братски соживот. Преку разликите и заедничката почит.

Овие посебни карактеристики во исто време се од важно значење за патот кон што побрза интеграција со европските земји. Се надевам дека оваа интеграција ќе се равие позитивно за целиот регион на Западен Балкан, и дека заедно со интеграцијата ќе се развива и почитувањето на различностите и основните права.

Овде, всушност, различната верска припадност на православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етничката припадност на Македонците, Албанци, Срби, Хрвати, и другите, создаваат еден мозаик во кој секо каменче е потребна за оригиналноста и убавината на целиот мозаик. Убавина, која ќе го достигне својот најголем сјај до таков степен за да можете тоа да го пренесете и да го засадите во срцата на новите генерации.

Сите напори што се прават, за да можат различните религиозни изрази и различните етноси да најдат заедничко поле за разбирање на достоинството на секоја човечка личност се гаранција за основните слободи, кои никогаш нема да бидат залудни, и ќе ја создадат потребата од засадување на една мирна и плодородна иднина.

Би сакал да го истакнам, исто така, великодушниот напор што го прави вашата Република – било од нејзините државни органи, било преку добриот придонес од разни меѓународни организации како Црвениот Крст, Каритас и други невладини организации – за да ги прими и да им осигури помош на големиот наплив на мигранти и бегалци од разни земји од Блискиот Исток. Тие бегаа од војна или од екстремни услови на сиромаштво, често предизвикани од сериозни воени моменти. Така, во 2015 и 2016 година ја преминаа вашата граница, најголем дел од нив насочувајќи се кон северните и западните делови на Европа, и најдоа кај вас гостоприемно засолниште. Навремената солидарност, која им се нудеше на оние кои тогаш имаа најголема потреба за тоа, бидејќи покрај домот, работата и татковината што ги загубиле, тие ги беа загубиле и нивните најсакани, ве прави честити и зборува за душата на овој народ, кој знае како е да се загуби и дека може да препознае дека преку солидарноста и споделувањето може да се најде излезот и патот кон секој суштински развој. Се надевам да вие ќе ја зачувате таа солидарност која е неопходна во овој непредвидлив критичен момент во корист на секое дело од доброволната хуманитарна работа.

Би сакал, исто така, на специјален начин да и оддадам почит на една ваша сограѓанка, која подтикната од Божјата љубов, направи од љубов кон ближниот највозвишен дострел од најзиното постоење, предизвикувајќи восхит за целиот свет и основаше еден специфичен начин како да се им се ставиш на помош на заоставените, на отфрлените и најсиморашните. Очигледно зборувам за личноста позната под името Мајка Тереза од Калкута. Таа се родила во Скопје во 1910 г. со името Агнес Гонџа Бојаџиу и нејзиниот апостолат го развила во сиромаштија целосно дарувајќи се за Индија, а преку нејзините следбенички, нејзината мисија стигна до најразлични географски ширини. За мене ќе биде огромна чест што за некој час ќе можам да се помолам во Спомен куќата посветената на неа, која е изградена на местото каде била пред тоа старата католичка катедрала.

Треба да сте горди на оваа же. Ве охрабрувам да продолжите да работите со усрдност, посветеност и надеж за да можат нашите деца, децата на оваа земја, по нејзин пример, да ги откриваат, достигнат и својот повик што Бог им го определил.

Господине Претседателе,

Светиот Престол, од моментот кога Северна Македонија ја има независноста, со големо внимание го подружуваше секој чекор кој вашата земја го направи за унапредување на дијалогот и за разбирањето меѓу властите и верските деноминации.

Денес, Божјата Промисла, ми ја дава оваа можност да ја искажам лично таа блискост и да ја изразам мојата благодарност за посетата, што секоја година вашата официјална делегација ја прави во Ватикан по случај на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј. Ве охрабрувам да го следите верно започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и интеграција која ќе роди плодови помеѓу културите, религиите и народите. Тргнувајќи од соодветните идентитети и динамиката на нивниот културен и цивилен живот, тие ќе можат да изградат заедничка иднина, учејќи се од богатствата што секој од нив ги носи со себе.

Бог да ве пази и да ја благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да даде просперитет и радост!/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот