Папата Франциск предупредува: Конзумеризмот до Божиќ претставува вирус што ја напаѓа верата во самите корења

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциско предупреди на зголемениот конзумеризам во периодот до Божиќ, што почна со Црниот петок, истакнувајќи оти желбата за трошење претставува „вирус што ја напаѓа верата во самите корења”.

– Мораме да се соочиме со илузијата дека човекот е среќен кога поседува многу работи. Спротивставете се на сјајните светла на конзумеризмот што овој месец свети околу нас, изјави папата Франциско.

Тој се одлучи да го коментира конзумеризмот во момент кога западниот свет го остави зад себе Црн петок, а денеска се соочи со Кибер понеделник.

Купувачите во САД само во купување преку интернет потрошија рекордни 7,4 милијарди долари на 29 ноември, за Црниот петок.

Папата Франциск го осуди конзумеризмот што го наметнува правилото „никогаш доволно работи”.

– Мораме да се спротивставиме на искушението дека смислата на животот е во трупање, истакна папата Франциск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот