Папата Франциск побара економски модел каде би биле вклучени сиромашните

Папата Франциск изјави дека е итно потребно да се создаде поинаков економски модел во кој би биле вклучени сиромашните и маргинализираните.

Во вчерашната видео порака на младински форум во Асизи, папата ги повика младите економисти, претприемачи и бизнисмени да промовираат модели за развој по пандемија, велејќи дека ќе биде најлошо ако, по крајот на пандемијата на коронавирусот , се потоне уште подлабоко во трескавичен конзумеризам и форми на себична самозаштита”.

Наместо тоа, сиромашните треба да бидат поканети да учествуваат во разговорите за создавање на „различен економски наратив” за кој тој вели дека е итно потребен.

Папата ги повика младите да помогнат во промената на произведствените системите и шеми на потрошувачка за да ги направат поодржливи.

Тој, исто така, изјави дека е време да се избегнуваат модели насочени само кон профит.

Папата изјави дека за време на пандемијата, најмногу се погодени луѓето на маргините на општеството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот