Папата Франциск на божиќната миса: Бог ги сака сите, промената почнува од себеси

Фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Папата Франциско се обрати на верниците на Бадник кои прославуваат по Грегоријанскиот календар, и рече дека Бог ги сака сите, па дури и најлошите меѓу нас.

Папата откри статуа на сцената на раѓањето на Исус во подножјето на олтарот на базиликата „Свети Петар” во Ватикан. Додаде дека раѓањето на Исус е потсетник за Божјата безусловна љубов.

Во исто време, тој ги повика верниците да си дозволат Исус да ги преобрати со својата „љубов“ и да престанат да се обидуваат да ги менуваат другите.

– Да не чекаме нашите соседи да бидат добри пред да направиме нешто добро за нив, за црквата да биде совршена за да ја сакаме, другите да не почитуваат пред да ги почитуваме. Да почнеме со себеси – истакна папата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот