Папата Франциск кашлаше со денови, па го тестираа за коронавирус

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциско беше тестиран за новиот коронавирус, поради тоа што тој со денови е настинат, има треска и засилена кашлица. Тој имаше кашлица и на миса пред пет дена, а потоа се ракуваше и со десетина лица на плоштадот Свети Петар.

Италијанскиот весник „Ил Месаџеро“ објави дека папата е тестиран, а резултатите потоа се негативни за новиот коронавирус.

Инаку, тој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинката. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни немаше коментар за наводите на весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот