Папата Франциск изрази сочувство и ги осуди нападите во Шри Ланка

Profimedia
Фото: Профимедиа

Папата Франциск ги осуди суровите напади во Шри Ланка и изрази најдлабока поврзаност со христијанската заедница која е погодена за време на молитва, како и со другите жртви.

„Со тага и болка ја примив веста за смртоносните напади кои се случија денеска на Велигден, донесоа жал и болка во црквите и другите места на кои се собраа луѓето во Шри Ланка“, изјави Папата, пренесе „Ројтерс“.

Во серијата експлозии кои потресоа цркви и луксузни хотели во Шри Ланка, според последните податоци загинаа и повредени се стотици луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот