Папата Франциск годинава нема да патува во странство

Папата Франциск годинава не планира да патува во странство, соошти Светата Столица, наведувајќи дека пандемијата на коронавирусот е преголема опасност за неговото здравје.

Програма на папата за патувања и онака беше речиси празна, бидејќи пред ударот на пандемијата во Италија беше планирано само едно негово службено патување, на медитеранскиот остров Малта, што беше закажано за крајот на мај, но подоцна и откажано.

Папата Франциск (83) има официјални покани да ги посети Ирак, Кипар, Индонезија и Црна Гора, а, исто така, тој самиот изрази желба да го посети Јужен Судан, каде што лично посредуваше во мировниот процес за завршување на граѓанската војна.

Првиот човек на канцеларијата за врски на Светата Столица, Матео Бруни, изјави дека ниту една од овие посети нема да се реализира во блиска иднина затоа што „Светиот отец годинава не планира патувања “.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот