Папата Франциск го најде виновникот за хаосот со коронавирусот во Италија

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата рекол дека бил многу импресиониран со текст на новинарот Фабио Фазио кој навел 15 лекции од пандемијата на коронавирусот, а посебно внимание обврнал на една од нив.

Папата Франциск зборејќи за потешкотиите во борбата на италијанското здравство со коронавирусот, го поддржа тврдењето дека дел на вината ја носат и оние кои избегнуваат да плаќаат данок.

Изјавата на верскиот поглавар доаѓа во време кога јавните болници во северна Италија паѓаат под тежината на коронавирусот, а и тие во јужниот дел очекуваат исто сценарио.

Папата рекол дека бил многу импресиониран со текст на новинарот Фабио Фазио кој навел 15 лекции од пандемијата на коронавирусот, а посебно внимание обврнал на една од нив.

Фазио напишал дека оваа криза треба да ги поттикне луѓето повеќе да го ценат тоа што е навистина важно во животот како меѓучовечките односи, солидарност и чување на околината, и дека од политичарите треба да се бара одговорно да владеат.

„Стана јасно дека тие кои не плаќаат данок не прават само прекршок, туку и злосторство: ако нема доволно кревети и болници и респиратори, тоа е нивна вина“, цитираше Франциск дел од текстот.

Според податоците на италијанското министерство за финансии, избегнувањето на плаќање на данокот Италија ја чинело 109 милијарди евра просечно годишно од 2013 до 2015 година.

Според најновите податоци во Италија има 31,506 случаи на коронавирус, од кои се 2,503 починати и 2,941 излечени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот