Папата Франциск ги повика верниците да се молат за болните од коронавирус

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска ги повика христијаните во целиот свет заедно да се молат за болните од Ковид-19 и медицинските работници кои се грижат за нив.

На молитвата во Ватикан, папата побара милост Божја во време на пандемијата на коронавирусот.

Молитвата се одржа на 25-годишнината од историски документ во кој Ватикан ја потврди неприкосновеноста на човечкиот живот од зачнување до природна смрт, јавија светските медиуми. Документот се смета за силна потврда на црковното учење кое е против абортус и еутаназија.

Папата рече дека е потребно тоа учење да биде „повторно покренато во контекст на пандемијата која му се заканува на човечкиот живот и глобалната економија”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот