Папата Франциск: 2021 ќе биде година на семејството!

epa08812839 A handout picture provided by the Vatican Media shows Pope Francis during the General Audience, in Vatican City, 11 November 2020. EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

2021 година ќе биде годината на семејството, порача папата Франциск, пренесуваат светските медиуми. Тој посочи дека годината на семејството ќе започне на 19 март, кога е петгодишнина од неговото послание „Радоста од љубовта“.

Контроверзниот документ од 2016 година им овозможува на разведените и повторно венчаните верници да се причестат, што предизвика критики, па дури и обвинувања за ерес од страна на конзервативните католици.

Франциск го подготви документот откако обедини бискупи од целиот свет да разговараат за тоа како Католичката црква може подобро да пристапи кон семејниот живот на верниците. Додека разводот и вториот брак беа главното прашање што привлече внимание, дискусиите се осврнаа и на теми како истополови и други нетрадиционални семејства.

Франциск ја прогласи годината на семејството во денешната неделна беседа што ја одржа од неговото светилиште, за да ги спречи луѓето да се собираат на плоштадот Свети Петар, како дел од мерките на Ватикан за борба против пандемијата.

Toj им даде пријателски совет на семејствата каде што се чести кавгите и ги потсети секогаш после расправија да кажат „прости ми, благодарам и извини” и никогаш да не одат на спиење без помирување.

– Студената војна еден ден по кавга е опасна, заклучи папата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот