Фото: EPA-EFE/ANDREAS SOLARO / POOL

Папата Франциск во тешка состојба: Швајцарската гарда се подготвува за негов погреб

Погребот на папата Франциск наводно се подготвува, откако 88-годишниот поглавар на Римокатоличката црква предупреди дека можеби нема да ја преживее пневмонијата поради која е во болница.

Швајцарската гарда која го штити папата се подготвува за неговиот погреб и членовите се под „полициски час“ додека се “подготвуваат за смртта на папата”, објавија светските медиуми.
Ова се случува откако папата Франциск беше пренесен во болницата „Гемели“ во Рим во петокот поради силни болки во градите, откако неколку дена се спротивставувал на повиците да го напушти Ватикан.

Докторите му дијагностицирале „комплексна“ респираторна инфекција и му забраниле да учествува во ангажмани, а Ватикан ја откажа или одложи папската аудиенција оваа недела.

Ватикан ја потврди пневмонијата во вторник и соопшти дека респираторната инфекција на папата вклучува астматичен бронхит, за кој е потребна употреба на кортизонска антибиотска терапија.

Состојбата на белите дробови на папата посебно ги загрижува лекарите во Ватикан бидејќи на понтифот пред многу години му бил отстранет дел од едното белодробно крило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот