Папата Франциск: Срцето ми е скршено поради трагедијата во Тексас

папа франциск
Папата Франциск / Фото EPA-EFE/FILIPPO MONTEFORTE

Папата Франциск изрази сочувство за трагедијата во училиште во Тексас и упати молитви за жртвите и нивните семејства за време на неделната аудиенција.

„Моето срце беше скршено поради пукањето во основно училиште во Тексас“, рече тој.

Папата, исто така, повика на посилна контрола на оружјето и посветеност за „вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат“.

Сочувство денеска упатуваат и други европски лидери, вклучително и премиерите на Словачка, Ирска и Финска, пишува Си-Ен-Ен.

ВИДЕО | Масакр во училиште во Тексас: Ученик уби 19 деца и двајца возрасни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот