Папата Франциск со надеж дека со посетата на Канада ќе го ублажи „злото“ нанесено на домородното население

папа франциск
Папата Франциск / Фото EPA-EFE/FILIPPO MONTEFORTE

Папата Франциск денеска изрази надеж дека „покајничкиот аџилак“ во Канада следната недела ќе помогне да се залечи страдањето предизвикано на домородните луѓе чии деца биле малтретирани во католичките интернати.

Посетата на Папата од 24. до 30 јули предвидува најмалку пет средби со претставници на домородното население, на кои на нивно тло ќе им се каже за улогата на Црквата во управувањето со училиштата каде што се обидуваше да се избрише автохтоната култура.

„За жал во Канада, многу христијани, вклучително и некои членови на црквата, придонесоа за политика на културна асимилација која во минатото сериозно му наштети на домородното население на различни начини”, рече Папата во своето неделно обраќање на плоштадот „Св. Петар” во Рим.

Околу 150.000 деца беа одвоени од нивните семејства и сместени во интернати каде многумина биле злоставувани, силувани и ненахранети, вршејќи „културен геноцид”, како што наведе Канадската комисија за вистина и помирување во 2015 година.

Целта на канадската држава била преку овие интернати, кои работеа од 1831 до 1996 година, да ги асимилира домородните деца.

Извор: МИА

Видео на денот