Папата Франциск сака да ја посети Северна Кореја, чека покана од Пјонгјанг

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, побарал покана од Пјонгјанг за да ја посети Северна Кореја, објави јужнокорејскиот медиумски сервис КБС.

– Ќе одам таму штом ќе ме повикаат. Треба само да ми се јават. Нема да одбијам – рече папата Франциск.

Папата Франциск би бил првиот поглавар на Римокатоличката црква што би ја посети Северна Кореја.

Севернокорејските власти не дозволуваат свештениците често да престојуваат во таа земја. Малку е познато колку граѓани на Северна Кореја се католици или како ја практикуваат својата вера.

Поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин, кој е католик, го повика папата Франциск да ја посети Северна Кореја, тврдејќи дека таквата посета ќе помогне да се изгради мир на Корејскиот полуостров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот