Папата Франциск повика на солидарност со жртвите од СИДА

Фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Папата Франциск денеска, по повод Светскиот ден за борба против СИДА-та, повика на обновување на солидарноста со луѓето кои живеат со ХИВ за да им се гарантира грижа во најсиромашните делови на светот.

Папата на општа аудиенција рече дека Светскиот ден за борба против СИДА-та е важен повод да се потсетиме на луѓето заразени со вирусот.

– Во некои делови од светот нема основна здравствена заштита. Се надевам дека е возможна обновена посветеност на солидарноста со цел да се гарантира ефективна и еднаква здравствена заштита (за луѓето кои живеат со ХИВ), рече Папата.

УНАИДС, програмата на ОН за ХИВ и СИДА во Женева, во понеделникот предупреди дека пандемијата на коронавирус ја ослабува борбата против СИДА-та во многу области и дека услугите за луѓето кои користат лекови за ХИВ се нарушени во 65 отсто од 130 земји.

СЗО наведува дека на крајот на 2020 година, 37,7 милиони луѓе во светот биле заразени со ХИВ, од кои повеќе од две третини во Африка.

Во писмото минатиот месец, Папата му се заблагодари на американскиот новинар Мајкл О’Лафлин кој напишал книга за работата на католиците кои им помогнале на жртвите од СИДА на почетокот на кризата во 1980-те години.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот