Папата Франциск го замоли Путин да ја запре спиралата на насилство и изрази жалење за анексијата

Profimedia
Image: 565296920, License: Rights-managed, Restrictions: Contributor country restriction: Worldwide, Worldwide, Worldwide, Worldwide, Worldwide, Worldwide, Worldwide. Contributor usage restriction: Advertising and promotion, Consumer goods, Direct mail and brochures, Indoor display, Internal business usage, Commercial electronic, Personal use. Contributor media restriction: {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}, {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}, {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}, {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}, {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}, {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}, {9F6F5FD8-B5FE-4E43-BB70-E1832E6DB49B}., Model Release: no, Credit line: UPI / Alamy / Alamy / Profimedia

Папата Франциск денеска „го замоли“ рускиот претседател Владимир Путин „да ја запре спиралата на насилство” во Украина и изрази длабоко жалење за анексијата на украинските региони, што е „спротивно на меѓународното право”.

Од плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата му се обрати на рускиот претседател молејќи го „меѓу другото, од љубов кон сопствениот народ да престане со оваа спирала на насилство и смрт”.

За првпат од почетокот на конфликтот во Украина, на 24 февруари, папата Франциск во свој говор експлицитно го спомена рускиот претседател.

Светиот отец за првпат зборуваше и за руската анексија на украинските територии, осудувајќи ги „овие последни потези што се во спротивност со принципите на меѓународното право”.

– Длабоко жалам за сериозната ситуација што беше создадена во последните денови (…) Тоа го зголемува ризикот од нуклеарна ескалација до степен што постои страв од катастрофални последици надвор од контрола на глобално ниво, рече тој.

Папата, исто така, упати силен апел до украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да биде „отворен за сите сериозни предлози за мир”.

Осудувајќи го уште еднаш „лудилото” и „ужасот” на војната, папата Франциск инсистираше на почитување на светоста на човечкиот живот и на „суверенитетот и територијалниот интегритет на секоја земја”.

Светата столица од 24 февруари и почетокот на инвазијата врз Украина се обидува да одржи чувствителна дипломатска рамнотежа со двете земји. Претходно, папата ја осуди „суровата и бесмислена” војна, оставајќи ја отворена можноста за дијалог со Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот