Папата донираше половина милион долари за мигрантите во Мексико

Profimedia
Фото: Профимедиа

Папата Франциск донираше половина милион долари помош за мигрантите во Мексико и за локални организации што им обезбедуваат храна, засолниште и други средства за живот.

Парите ќе бидат за 27 локални проекти промовирани од 16 мексикански епархии и верски заедници.

Илјадници имигранти од Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала пристигнаа во Мексико во последниве неколку месеци. Сепак, американските власти не им дозволуваат да влезат во САД.

Помошта од папата е наменета за повеќе од 75.000 луѓе кои пристигнале во Мексико во 2018 година од централно-американските држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот