Папандреу: Лидерите на ЕУ да испратат силна порака за Македонија и Албанија

Фото: МИА

Почеток на пристапни разговори со Македонија и Албанија ќе биде признание дека Западен Балкан припаѓа на европското семејство, историјата и заедничката иднина, напиша поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Движење на промена, Јоргос Папандреу на неговиот официјален Твитер профил и додаде дека лидерите на ЕУ треба да испратат силна порака, јави дописничката на МИА од Атина.

„Во време кога нашите демократски темели, развиени по Втората светска војна и нашите европски вредности се доведуваат во прашање, лидерите на ЕУ треба да испратат силна порака дека ги почитуваат нашите заложби за Западен Балкан. Почеток на пристапни разговори со Северна Македонија и Албанија ќе биде признание дека Западен Балкан припаѓа на нашето европско семејство, историјата и заедничката иднина“, напиша Папандреу на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот