Папајоану: ЕУ перспективата на Западен Балкан е и останува стратешка цел на Грција

Александрос Папајоану / Фото: Скриншот, Јутјуб

Стратешки приоритет и стратешка цел за Грција е и останува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Потенцираше дека за нив, би била загрижувачка „било која друга перспектива што ќе излегува од рамката на солунската агенда од 2003 година”, бидејќи остануваат цврсто на нивната „стратегија за целосна интеграција на Западен Балкан”, а ова за Атина е пат во една насока.

– Не е тактика, туку е стратешка цел и останува стратешка цел. Не знам како поинаку да ја истакнам важноста што ја даваме на овој регион, бидејќи стабилноста на регионот е во интерес и на Западен Балкан, но секако и на Грција, објасни Папајоану.

Додаде дека според него, добивката како за Грција, така и за земјите од Западен Балкан целосно да се интегрираат во Европската унија е нешто што се подразбира и треба „сите земји треба да продолжиме да работиме во оваа насока”.

Говорејќи за програмата на шефот на грчката дипломатија во следните денови, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, соопшти дека во вторник, Никос Дендиас ќе присуствува на средбата на Кирјакос Мицотакис со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, кој ќе биде во официјална посета на Грција.

Извор: МИА

Османи: Пораката од Брисел не е добра, но мора да работиме -Западен Балкан еден ден ќе биде дел од ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот