Папа Франциск: Се молам за жртвите во Албанија

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

После силниот земјотрес со жртви и повредени во Албанија пораки за солидаризација пристигнуваат од сите страни. Папата Франциск изјави дека сака да ги поздрави жителите на Албанија и дека се моли за нив.

Тој истакна дека би сакал да ја посети Албанија.

-Соочувствувам со жртвите, се молам за тие што ги загубиле своите животи, за повредените и нивните семејства. Господ нека го благослови овој народ кој што го сакам многу- рече Папата Франциск.

Секретарот на државата Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин испрати телеграма со сочуство до претседателот на Албанија, Илир Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот